ФДИ магазинот ја прогласи индустриската зона во Скопје за заеднички победник во категоријата на големи корисници во Европа, објави „Економски“. Со тоа Бунарџик се здоби со уште едно признание од овој престижен магазин.
-Целокупниот искористен простор во зоната се зголеми на 39% во периодот помеѓу 2012 и 2013 година изнесувајќи 480.000 квадратни метри, односно 53.211 квадратни метри по корисник. Компаниите доаѓаат од различни гранки на тешката индустрија како автомобилската индустрија, производство на хидраулични делови и производство на електрична и медицинска опрема, стои во образложението од Магазинот.
-Зоната продолжи да ја развива својата целна маркетинг стратегија за привлекување на компании, што придонесе до нејзино значително зголемување во однос на искористениот простор. Преставниците од зоната активно учествуваат на бизнис конференции и други меѓународни настани кои се однесуваат на конкретни сектори, истовремено промовирајќи ги поволностите кои ги нуди Македонија за инвестирање, како и економскиот развој на земјата во меѓународните печатени и електронски медиуми, објави ФДИ.
Наградата ДТИРЗ ја доби во конкуренција од 45 економски зони во светот вклучувајќи и 17 од Блискиот Исток и Северна Африка. Зоните се рангирани во две категории според регионот каде работат и тоа: “Најдобри зони за големи корисници и Најдобри зони за МСП”.
Критериумите за избор според ФДИ се: Зголемување на бројот на компании кои инвестирале во зоните, раст на зоната и имплементација на нови стандарди кои и даваат конкурентна предност и извозот од зоните.
-Ќе продолжииме да постигнуваме голем напредок и во иднина и да ги надминуваме досегашните достигнувања во привлекувањето на мултинационални компании со цел да започнат да работат и да се прошируваат во Македонија.“, изјави Виктор Мизо, Директор на ДТИРЗ.
Растот на извозот се должи на новите компании кои се функционални и кои во текот на 2013 година се уште не работеа како на пример компаниите: “Ван Хол“ во Скопје2, “Џонсон контролс“ во Штип, втората фаза на “Џонсон Мети“ во Скопје 1, поголемиот обем на производство на “Кемет“, но забележано е и драстично зголемување на извозот на “Текнохозе.
Освен раст на извозот, од најавените странски инвестиции се очекува да се отворат и многу работни места и да се намали стапката на невработеност во земјава.
-Во ТИРЗ Скопје и Штип во 2013 година имаше 2.500 вработени. Оваа година само во постоечките компании во зоните бројот на вработени ќе биде околу 3.500. Бројката за идната година ќе биде драстично зголемена со реализацијата на инвестициите кои од почетокот на годината ги потврдија одлуките за инвестирање, тврди Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марина Узунов од Кабинетот на Кочо Анѓушев именувана во УО на ТИРЗ
-
„Адиент“ ја отвори својата нова фарбика во ТИРЗ Струмица, Заев само се сликаше
-
Ѓорчев: Со поволностите во ТИРЗ Маврово-Ростуше дополнително ќе се раздвижи реканскиот крај
-
Извозот од ТИРЗ зголемен за над 28 проценти, купените стоки од домашните фирми 50 милиони евра


