Љубовта некогаш е толку силна што е поголема од смртта. Вистински пример за тоа е брачната двојка од Бразил, Италвино и Дива Пос, кои по 65 години брак починале во иста соба лежејќи еден крај друг во рок од 40 минути.
Италвино (89) се борел со леукемија, додека Дива одела на хемотерапии откако и бил дијагностициран тумор. Кога почувствувала дека и се ближи крајот таа ги повикала членовите на семејството да ја посетат.
-Мој исто така дојде кај неа во собата, разговараа насамо, а потоа и двајцата заспаа во мир, вели нивниот внук.
Медицинските сестри на Италвино, кој лежел во истата болница, му дозволиле да премине во собата на Дива само за да можат да се држат за раце. Италвино починал прв.
-Кога дедо ги затвори очите, мојата тетка и шепна на баба ми на уво дека Италвино починал во мир, објаснува внукот Рафаел. Тогаш некако се смири. Изгледаше како тој да и ја отворил вратата. Како тој да подготвил се за тие двајца да бидат зесекогаш заедно. Таа почина по него.

Љубовната приказна на Италвино и Дива почнала уште во 1948 година на една игранка. Тој знаел дека ќе се ожени со неа уште од моментот кога ја видел.
-Мојот дедо секогаш додавеше една година на бројот на годините поминати во брак бидејќи го сметаше и времето од мигот кога се запознале. Тој нивниот брак го сметаше за состанок кој трае засекогаш.
Во текот на 65 години брак тие добиле 10 деца и 14 внучиња. Ниту еден единствен ден, за тие 65 години не поминале разделени, а Италвино секое утро на својата Дива и подготвувал доручек, и го одгледувал нејзиниот омилен зеленчук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


