| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска: Имитирањето на Северина е голем предизвик

Пејачка Елена Ристевска е единствениот македонски учесник во втората сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“ и за српските медиуми открива како се одлучила да го прифати учеството во шоуто.

Имаш ли трема?

– Имам трема пред настапот, затоа што нема да правам нешто што веќе го знам, туку треба да имитирам некого, во овој случај Северина, а тоа е еден голем предизвик.

Како се одлучи да го прифатиш учеството во шоуто?

– Многу тешко ја донесов одлуката, но на крајот прифатив бидејќи сфатив дека тоа е навистина голем предизвик. Кога гледате од другата страна на телевизиските екрани вие мислите дека е лесно, но тоа навистина не е така. Јас во овој момент треба да бидам фокусирана на три работи, актерство, пеење и движења, за да ја исполнам својата задача, а на сето тоа кога знаете дека камерите се вклучени, верувајте ми не е сеедно.

Како се вклопи со екипата на натпреварувачите, со оглед на тоа што си единствена од Македонија?

– Екипата е чудесна и морам да признаам дека одлично се снајдов, навистина сите се прекрасни како да се знаеме цел живот. Единствена работа која малку ми недостига е тоа што немам никој од своите овде, навистина најмногу ми недостига мојот сопруг, но кога се работи за професионален ангажман јас сум голем професионалец и сите свои работи ги оставам на страна бидејќи апсолутно се предавам на задачата. Мислам дека не постои ништо што не можам да го направам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top