Гугл ве снима деновиве. Екипи од канцеларијата на Гугл во Белград деновиве се во Македонија и активно работат на терен. Тие ги снимаат улиците и објектите во Македонија. Екипата на „Република“ ги сними низ улиците на главниот град. Дојдени се да направат нови снимки за подобрување на квалитетот на функцијата „Стрит вју“, во рамките на апликацијата „Гугл мапс“.

Прават тридимензионални фотографии. Благодарение на „Гугл стрит вју“, Македонија може да се види во нова димензија преку компјутер или паметен телефон.

„Стрит вју“ е функција лансирана во мај 2007 година и веќе е достапна во 59 земји. Функцијата им овозможува на корисниците полесна навигација преку виртуелно панорамско истражување на улиците.

На сликите наменети за „Стрит вју“ ќе има замаглување на лицата и на регистарските таблички.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


