Кинезите почнаа со разместување на подморници вооружени со проектили, кои ќе патролираат на северниот дел на Пацифик, а кои ќе се наместат САД да им бидат на дострел, наведува во своите извештаи морнарицата на САД. Морнаричкиот институт на САД извести дека Народната ослободителна воена морнарица испратила нуклеарни подморници од класата „џин“ да почнат да патролираат. Подморниците се опремени со проектили за меѓународен дострел за кој се смета дека може да дофрлат и преку 8.500 километри и да истрелаат по една или повеќе боеви глави.
-Со таков дострел, JЛ-2 подморниците може да ги погодат Хаваи, Алјаска, а, можеби, и западните делови на континентална Америка од водите на источна Азија – напиша во своето сведочење офицерот Џеси Кароткин од Канцеларијата за морнаричката разузнавачка служба.
– Три „џин“ подморници, кои во моментов се активни, би биле доволни да одржуваат постојано присуство на море на подолг период, но ако Кина изгради пет единици, како што јавуваат изворите, константното присуство ќе биде неминовно – укажува Кароткин.
Кароткин во својот извештај објасни дека многу фактори ја натерале Кина да ја модернизира својата морнарица, која сега има повеќе од 60 подморници, 55 средни и големи амфибиски бродови, околу 77 површински бродови и речиси 100 други помали пловни објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


