| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за легендата Лечков

Јордан  Лечков, прославениот бугарски фудбалски репрезентативец од златната генерација на ХристоСтоичков заработи казна затвор од две години поради афера како градоначалник на градот Сливен. Лечков е обвинет за малверзации во врска со изградбата на канализацискиот и водоводниот систем и вршење притисок на  даночната власт.
Тој беше еден од клучните играчи во тимот на Бугарија на Светското првенство во 1994 година. Четири години подоцна се збогува од фудбалот.Во 2003 година беше избран за градоначалник на градот Сливен, а четири години подоцна доби и втор мандат. За време на третата кандидатура не доби поддршка од гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top