
Врвниот експерт на Обединетите Нации за борба против расизам и експлоатација на луѓето Мутума Рутеере денеска во Сеул изјави дека во неговиот извештај за човековите права ќе објави податоци за „сериозни проблеми“ со кои се среќаваат странските работници и странци кои се во брак со Јужнокорејци.
Рутеере соопшти дека за време на неговиот престој во Јужна Кореја биле одбиени неговите барања на средби со министри, но неговата анализа на состојбите укажува дека државата со четврта по моќ економија во Азија се соочува со сериозни проблеми на растечката странска заедница.
Експертот на ОН за човекови права изјави дека е неопходно подобрување на условите за образование на странците што живеат и работат во Јужна Кореја. Според Мутума Рутеере и во медиумите има најави за благ расизам и дискриминација на странците во однос на старите жители, што доведува до чувство на непријатност кај странците во таа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


