Првиот светски тениски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ го збриша во финалето во Пекинг Томаш Бердих со 2-0 (6-0, 6-2) во сетови.
Играта на Ноле беше перфектна, и не му дозволи на противникот да се понадева на победа. Можеше многу лесно да се случи Бердих да загуби денеска максимално без освоен гем, но Ѓоковиќ не успеа да ја реализира меч топката во вториот сет при резултат 5-0. Бердих успеа да направи брејк, па потоа да го земе и својот прв сервис на овој меч. Сепак Србинот во следниот гем за заврши работата. Бердих до натпреварот во финалето играше одличен тенис, но таму не беше ни бледа сенка како во претходните натпревари.
Пет години по ред првиот светски рекет ја нема почувствувано горчината на поразот во Пекинг и повторно ја одбрани титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


