| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел бара воведување санкции за БиХ

Европската комисија предложила воведување санкции за Босна и Херцеговина, објави весникот „Дневни аваз“.

eu brisel

Во писмо испратено до Европарламентот и останати институции во ЕУ предложено е укинување на Привремениот договор за трговија со БиХ, ако Сараево до 1 јануари 2016 година не договори со Брисел услови со кои на Хрватска ќе ѝ се обезбеди соодветен трговски договор со БиХ.

БиХ сѐ уште не прифатила приспособување на трговските поволности одобрени во рамки на Привремениот договор.

Во случај до донесување на таа уредба ако ЕУ и БиХ не потпишат и привремено применуваат договор за приспособување на трговските олеснувања од договорот за стабилизација и Привремениот договор, олеснувањата одобрени за БиХ би требало да прекинат на 1 јануари 2016 година, се вели во предлогот на Комисијата.

Ако таа одлука се усвои, БиХ ќе го загубат пазарот во ЕУ, а Брисел нема да додели околу 550 милиони неповратни средства од фондови за БиХ поради неспроведување реформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top