По 30 години од пронаоѓањето на ХИВ, на денешната платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ, организирана од 16 невладини организации, целта беше да се испрати порака и да се потсети на фактите и на превенцијата од ХИВ.
Организаторите од невладините организации уште еднаш нагласија дека клучно за заштита е користењето кондом бидејќи во Македонија сѐ уште е најголем бројот на заразени со ХИВ кој го добиле преку хетеросексуална активност. Што се однесува на крвниот пренос, најважна превенција е употребата на стерилна опрема.
Оттаму потсетуваат дека ХИВ не смее да се третира како карантинска болест или зараза и апелираат до здравствените институции и власти почитување на човековите права на лицата со ХИВ за да не се демотивираат најранливите категории како младите, хомосексуалците или лицата кои користат дрога, да ги прават потребните тестови.
Во овој контекст, невладините апелираат медиумското известување да биде сеопфатно и да не се откриваат премногу податоци за заразените бидејќи на тој начин се придонесува за маргинализирање на овие категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН: Случајот во ОУ „Владо Тасевски“ е изолиран, во училиштето нема зараза
-
Граѓанската Лига на Диогарди: Повик до Парламентот на Македонија под итно да ја имплементира Албанската (Тиранска) платформа
-
Монструм од Италија осуден на 24 години затворска казна-намерно заразил триесетина жени со ХИВ вирус
-
Платформа за зелен и современ Охрид



