| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахедин на ИСИЛ за „Си-Ен-Ен“: Воздушните напади се тривијални и бескорисни

Funeral for killed Palestinian field commander during ceasfireПрипадници на Исламската држава кои го напуштиле фронтот и се вратиле во своите домови тврдат дека воздушните напади на САД и на коалициските партнери се тривијални, па дури и целосно бескорисни.

– Се подготвувавме за напади извесно време. Знаеме дека нашите позиции им се познати на САД затоа што сме свесни дека нѐ следат на сателити, па направивме замена на локациите, ја сокривме опремата во цивилните подрачја или под земја – вели поранешен припадник на ИСИЛ, Абу Талха, во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Тој ги исмева нападите на изворите на нафта во Сирија.

– Имаме и други извори на приходи освен нафта. Нашите финансии нема да сопрат со уништување на неколку нафтени постројки. Мислат дека знаат сѐ, но фала на Господа, со божја волја ќе ги убиеме сите неверници – вели 28-годишниот муџахедин.

Дури и ако коалициските сили ја забават Исламската држава, тие не се доволни да ја сопрат ИСИЛ да изгради утврдување на подрачјето на Ирак и на Сирија.

– Ќе нѐ погодат во некои делови, но ние напредуваме во други делови. Ако нѐ потиснат во Ирак, ќе напредуваме во Сирија. Тие напади не можат да се сопрат ниту да ја ослабат потпората што  ја имаме. Не можат да ги сопрат нашите борци – рекол Талха.

Муџахединот го користи овој псевдоним откако се вратил во својата земја, а од напуштањето на ИСИЛ живее во константен страв од одмазда на поранешните соборци.

Абу Омар, исто така муџахедин кој ги напуштил редовите на ИСИЛ, за „Си-Ен-Ен“ тврди дека Исламската држава многу се потпира на странските борци, најмногу на тие што доаѓаат од Западот. 
– Французите се најлоши од сите. Многу полоши од нас. Дојдоа неодамна, но се однесуваат како да се дел од калифатот од секогаш – рекол тој.

Омар првично замижувал пред ѕверствата на ИСИЛ, уверувајќи дека ќе се променат работите со време, но на крајот бруталноста станала преголема за него, па ја искористил првата можност за бегство и за враќање во семејството кое го напуштил за да се приклучи на борбите. Иако, како што вели, сѐ уште сонува за создавање на Исламска држава на тоа потрачје, го прогонуваат сликите што ги видел.
– Сведок сум на убиства на седумдесетгодишен шеик. Тоа не може да продолжи така. Во борбите се приклучуваат многу деца на 14 и 15-годишна возраст. Можеби кога ќе ме чујат, ќе почнат да размислуваат за тоа што го прават – вели Абу Омар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top