| четврток, 6 декември 2018 |

За седум месеци странските инвестиции достигнале 152 милиони евра

Странските директни инвестиции достигнале 152 милиони евра во првите седум месеци од годинава, што е за 2 милиони евра помалку од истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Најдобар месец бил март кога биле вложени речиси 43 милиони, а најлош јуни кога имало одлив од речиси еден милион евра.

Топ пет инвеститори се Швајцарија, Турција, Украина, Германија и Обединетото Кралство, а анализирано по сектори најголеми вложувања има во рударството, производството и градежништвото.

Во првите осум месеци од годинава извозот само од слободните зони достигна 750 милиони евра што е исто колку за цела 2013-та година, а вкупниот извоз порасна за околу 18 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top