Играчите на РК Металург со „ладни глави“ ќе влезат во натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите. По настанатите тензии околу неисплатените обврски према играчите и изјавите на „првите“ ѕвезди во тимот Наумче Мојсоски и Дарко Станиќ дека постои незадоволство кај играчите, kлубот информира дека дал ветување до играчите, сите обврски кои ги должат кон играчите ќе бидат регулирани до крајот на неделата.
Со тоа се надминати сите проблеми и сега можат да се концетрираат на следниот натпревар од Лигата на шампионите кој треба да го одиграат во сабота на гостински терен против Мешков Брест.
За овој натпревар Металург ќе биде засилен и со Ренато Вугринец кој ја „одлежа“ казната од еден натпревар без право на настап во Лигата на шампионите.
– Оваа криза не беше толку голема колку што некој сакаше да ја претстави. Очигледно на некој му пречи силен Металург, но тоа е друга тема. Најважно е дека сега сите проблеми се надминати и клубот се враќа во нормала – изјавуваат од управата на клубот.
Дуелот против Мешков Брест е од клучно значење за Металург бидејќи со евентуална победа се враќаат во трка за едно од четирите места кое води во следната рунда. Натпреварот се игра во сабота со почеток од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


