| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Харков: Момче обесено на ограда од црква

Рано утрово на оградата од православната црква во Харков, град на истокот од Украина, обесено е момче, јави ТВ Русија 24.

Безживотното тело на ова момче всушност е закачено на оградата од храмот посветена на 2.000 годишнината од Раѓањето Христово.

Бил мртов кога е пронајден, а се проценува дека е на возраст од 25 години, наведува ТВ Русија 24 додавајќи дека истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top