Вечерта на 14 април 1912 година во 22:40, Титаник-најголемиот брод изграден до тогаш, удира во карпа мраз.
По 2 часа и 40 минути од ударот, на својата прва и единствена пловидба, Титаник потонува, а утрото околу 2:20 часот исчезнува во длабочините на Атланскиот океан. Трагичниот настан однел 1500 животи, или две третини од луѓето кои пловеле со него.
Постојат најразлични приказни за Титаник, но овој пат ние ви ги пренесуваме најинтересните факти поврзани со него:
1.Изградбата на Титаник чинела 7.500.000 долари.
2. Двајца работници загинале за време на изградбата на бродот.
3.Биле потребни 20 коњи за де се пренесе сидрото.
4. Максималната бројка на патници кои можеле да патуваат со бродот била 3.547, а вечерта на бродот имало 2.223 патници. Од нив 13 парови заминувале на меден месец.
5. На денот кога се случила несреќата требало да се одржи вежба за итна евакуација со чамци за спасување.
6. Пред да удри во карпата мраз, бродот добил дури 6 предупредувања за опасност од ледени карпи.
7. Карпата мраз во која удрил Титаник, својот пат го започнала околу 1.000 година пред нашата ера.
8. Доколку само 30 секунди порано била забележана карпата мраз, трагедијата не би се случила.
9. Од четирите познатите оџаци на Титаник, само три биле во функција, додека четвртиот стоел само за да бродот изгледа поубаво.
10. Сигурно се сеќавате од сцената на филмот, кога музичарите не престануваат да свират иако бродот тоне, тоа навистина се случило. Тие свиреле се додека не се удавиле.
11. Ниту еден од чамците за спасување не бил целосно исполнет. Доколку на нив се качиле максимален број луѓе повеќе од 50% од луѓето на бродот ќе се спаселе.
12. Две кучиња биле спасени со чамците за евакуација.
13. Биле потребни само 160 минути за бродот да потоне.
14. Шефот на кујната ја преживеал несреќата и ледената океанска вода во која бил 2 часа, благодарение на тоа што бил пијан и алкохолот му ги греел виталните органи.
15. Јапонецот кој ја преживеа несреќата, по враќање во својата држава е прогласен за кукавица, бидејќи не загинал со останатите патници.
16. Бродот „Калифорнијан“ бил во близина на Титаник, но сепак не можел да ги спаси сите патници поради густата магла и проблемите со комуникација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



