| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени уште едни македонски таблички во Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистарски ознаки на возило  на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето З.М. од Прилеп во чија сопственост е возилото марка „форд“ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила вчера во Солун. Сопственикот на возилото не го пријавил случајот во грчката полиција.

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува четиринаесет, а досега се регистрирани и седум оштетени возила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top