| четврток, 6 декември 2018 |

Силниот ветар го врати целиот отпад од Охридското езеро

Нестабилното време кое во изминативе два дена го зафати охридскиот крај, проследено со силен југозападен ветер им донесе полни раце работа на екиите на „Јавна хигиена„. Големите бранови по охридскиот кеј исфрлија големи количини комунален отпад и реса, а бекатон подлогата по кејот се прекри со слој од ситен песок кој се расчистува рачно . Од тие причини вработените од „Јавна хигиена„ се вонредно ангажирани околу расчистување на кејот, во текот на вчерашниот ден се работеше до 20.00 часот, а денес продолживме од раните утрински часови и до овој момент се подигнати 20 м3 разновиден отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top