Долгогодишниот сон на Викторија Бекам, конечно стана јаве. На популарната Довер улица во Лондон, дизајнерката ја отвори својата прва продавница која ќе биде нејзиниот втор дом и катче каде креативно ќе ја насочува и олицетворува нејзината енергија. На простор од 6040 метри квадратни и три ката луксузни модни креации и додатоци, продавницата наликува на уметничка галерија.
Целосниот ентериер е дизајниран од страна на архитектот Фаршид Мусави, професор на Харвард, во чие работно портфолио се вбројуваат зданија како што е Музејот на современа уметност во Кливленд, Охајо.

„Сакав да создадам простор кој ќе биде концептуален, но во истовремено топол и пријатен за сите гости и клиенти“, изјави Бекам, која не можеше да ја скрие возбудата и задоволството од одлично сработената работа.
Официјалното отворање на првата продавница на Викторија Бекам ќе биде утре-четврток.

„Постојат голем број луѓе што беа со мене од самиот почеток на моето патување и сакам секој кој ќе дојде во продавницата да се чувствува добредојден, без разлика дали има намера да купи нешто или сака да ја види архитектурата. Сакам луѓето кои ќе дојдат во продавницата барем и на една минута да почувствуваат дел од мене и мојот моден пулс“, додава дизајнерката.
Се што се наоѓа во продавницата, од понудата на облека и аксесоари до изгледот на гардеробите, златните држачи за облека и закачалките, сите го носат печатот на Викторија Бекам . Исто така во продавницата има многу мал број на ќеси, бидејќи купувањето може да се врши преку iPad, со што би се одбегнала потребата од гломазни каси наоколу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


