| четврток, 6 декември 2018 |

Бојана Грегориќ Вејзовиќ: Прекрасно беше да се работи со Унковски

Претставата „Три сестри“ од Чехов во режисерско видување на Слободан Унковски вечерва во 20 часот во Македонската опера и балет ќе ја изведат актерите на загрепскиот театар „Гавела“

tri-sestre-gavella-slobodan-unkovski-124

Претставата „Три сестри“ од Чехов во режисерско видување на Слободан Унковски вечерва во 20 часот во Македонската опера и балет ќе ја изведат актерите на загрепскиот театар „Гавела“. Станува збор за единствената хрватска продукција на програмата на „Млад отворен театар“.

Претставата, која трае повеќе од три часа, ја имаше својата премиера во Загреб во јануари годинава. Хрватските медиуми за режисерското деби на Унковски во Хрватска имаа само најпофални епитети. „Јутарњи лист“ напиша дека Унковски ги приспособил улогите на актерите, а не актерите на улогите. „Нови лист“, пак, нагласи дека комиката постојано трепери на работ на таква голема чувствителност која може да предизвика солзи… 

Во претставата хрватската актерка Бојана Грегориќ Вејзовиќ го толкува ликот на Наталија Ивановска, која во суштина е иритантна, студена жена која вложува силна енергија во настојувањата се да и биде подредено. Таа ги искористува луѓето, а не се врзува за никого. Ивановна е всушност една несреќна осамена жена која потајно се опива, а глуми дека цврсто ги држи сите конци во рака. Во интервјуто за неделникот „Република“, чиј следен број ќе излезе на 26 септеври, меѓудругото Грегориќ-Вејзовиќ говори и за соработката со Унковски.

tri-sestre-123

– Првите проби се најтешки. Верувале или не, но актерите знаат да бидат многу срамежливи, посебно на почетокот. Прекрасно беше да се работи со Унко, бидејќи тој има многу трпение и е многу духовит. Неговото чувство за актерската работа е полно со разбирање и со поддршка, така што актерот полесно се отвора и не се плаши од сопствените грешки. На тој начин брзо се доаѓа до добри резултати – вели хрватската актерка.

Филип Шогавиќ, син на прославниот актер Фабијан Шоваговиќ исто така глуми во претставата. Неговиот лик, Чебуткин како што го замислил Унковски физички е многу активен, тој постојано има акробатски сцени. Во разговор за „Репулика“ Шоваговиќ вели:

tri_sestre_629266S1

– Унковски на првиот разговор ме праша дали би сакал да играм мала или голема улога, а јас му одговорив дека сакам да ми додели мала улога. Тој се насмеа. Кај Чехов улогите постојано се радуцираат, но Унковски не сакаше таа улога да ја намали. Така што не знам колку имаше смисла нашиот прв разговор. Подоцна разговаравме за спортот, политиката, уметноста… – вели Шоваговиќ.

На програмата на МОТ вечерва од 23 часот во Младинскиот културен центар е и една од двете продукции на љубљанскиот театар „Маска“. Станува збор за „Сите заедно сега!“ во режија на Маре Булц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top