Екипата на Реал Мадрид оствари победа од 5:1 над Елче во првиот натпревар од 5. коло на Примера одигран синоќа, а стрелец на четири гола беше Кристијано Роналдо од кои два со удар од 11 метри.
Серијата голови ја почнаа гостите откако Еду Албакар во 15. минута реализираа пенал за водство на Елче. На 1:1 во 20.минута изедначи Герет Бејл, а потоа следуваа головите на Роналдо во 28.(пенал), 32., 80.(пенал) и 90+2. минута.
За „кралскиот клуб“ ова беше третата победа во првенството, а на последните два натпревара во Примера постигнаа 13 голови.
На вториот натпревар одигран синоќа Селта – Депортиво Ла Коруња 2:1.
Вечерва се играат натпреварите: Алмерија – Атлетико Мадрид, Еибар – Виљареал, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао, Гранада – Леванте, Малага – Барселона и Севиља – Реал Сосиедад.
Утре на програмата се последните две средби од овој круг: Еспањол – Хетафе и Валенсија – Кородоба.
Табела: Барселона 12 бода, Валенсија 10, Севиља 10, Реал Мадрид 9, Селта 9,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


