| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Велјановски – нов директор на Драмски театар

Robert-Veljanovski

Актерот Роберт Велјановски е именуван за вршител на должноста  директор на Драмски театар од Скопје од страна на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Велјаноски  доаѓа на директорската функција на местото на прерано починатиот Бранко Ѓорчев. Велјановски на сцената на Драмски театар работи од 1997 година и досега има одиграно десетици улоги, меѓу кои се и: Креонт во „Ојдипус тиранот“, Неоптолен во „Филоктет”, Жан Марк во „Стари миризби”, Лизандер во „Сон на летната ноќ”, Андрес во „Војцек”, Доктор Бол во „Мачката на вжештениот лимен покрив“, а од актуелните претстави на Драмски, Велјановски игра во „Генетика на кучињата“ и во „Македонска крвава свадба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top