| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Победа против Падерборн или нема Октоберфест

Новиот Бундеслигаш, тимот на Падерборн кој за прв пат во својата историја игра во најдобрата германска лига и е лидер на табелата со 8 бодови, вечерва му гостува на актуелниот шампион Баерн Минхен.

Тренерот на Баварците Пеп Гвардиола им порача на своите фудбалери дека ќе следува мала награда доколку забележат победа, против непријатниот Падерборн.

-Играчите можат да одат на Октоберфест и да се опуштат малку, но доколку го победат Падерборн, изјави Гвардиола кој притоа додаде:

-Невозможно е со исти играчи да се игра натпревар на секои три дена. На фудбалерите им треба малку одмор и опуштање. Ова не се однесува само на Баерн, туку и на Борусија, Леверкузен и другите тимови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top