| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската армија се подготвува за повлекување

Украинските безбедносни сили денеска почнаа со повлекување на артилеријата и тешките оклопни возила во рамки на 30-километарската тампон-зона.

ukrainska vojska

Одлуката на Киев за повлекување на украинската армија уследи откако проруските сили го намалија интензитетот на борбените дејствија.

Портпаролот на украинската армија Андреј Лисенко изјави дека двајца украински војници загинаа во изминатите 24 часа и покрај прекинот на огнот, што беше договорен на 5 септември.

Тој истакна дека проруските сепеаратисти ги намалиле артилериските напади, а исто така престанале и нападите од руска територија.

Земјите-членки на Контакт групата минатиот петок постигнаа договор со кој се предвидува воспоставување на тампоон-зона од 30 километри меѓу украинските и проруските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top