Островот Галешњак од задарскиот архипелаг е еден од неколкуте неверојатни креации на природата. Островот на вљубените, како што сопствениците поради комерцијални цели го нарекоа, е во форма на срце.
Иако е голем само 0.132 км2 и пешки може да се прошета за десетина минути, а од знаменитости, има само три илирски гробници, тој нуди несекојдневна убавина.
Семејството Јурешко, чија сопственост е островот, поплочи една патека околу која посади маслинови дрвца, па наскоро тоа ќе стане новата дестинација за венчавки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


