Мажот, кој незаконски упадна синоќа на територијата на Белата куќа е задржан од обезбедувањето и е одведен во болница, изјави портпаролот на Сиктер срвис, Ед Донован.
Тој прецизираше дека станува збор за 42 годишниот Омар Гонзалес од градот Коперас Коув, во сојузната држава Тексас. Тој е уапсен, а Сикрет срвис најави детална истрага со цел да се утврдат мотивите за упадот. Кај мажот не е пронајдено оружје, но Донован истакна дека Гонзалес ја прескокнал високата ограда, успеал да стигне до главниот влез на резиденцијата на американскиот претседател, по
што бил задржан од припадниците на обезбедувањето.
Претседателот Барак Обама во тоа време не бил во Белата куќа. Тој заминал со семејството в резиденцијата Кемп Дејвид во сојузната држава Мериленд.
Со тоа инцидентот, кој доведе до евакуирање на дел од Белата куќа заврши, а на вработените им е дозволено се вратат на работните места.
Претходно поради безбедносни причини од новинарите, соработниците на претседателката пресслужба и други вработени, кои се наоѓаа во западното крило беше побарано да ги напуштат просториите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


