| четврток, 6 декември 2018 |

И Русија во борба против исламистите

Русија ја поддржа нацрт-резолуцијата за борба со исламистите предложена од САД за гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Текстот на резолуцијата е прифатлив за нас – изјави Илја Рогачов директор во руското министерство за надворешни работи.

Во резолуцијата, предложена од Вашингтон се бара од страните да спречат врбувања и патувања на странци што сакаат да се приклучат во редовите на Исламска држава.

САД се надеваат дека 15-члениот Совет за безбедност ќе ја одобри резолуцијата едногласно на 24 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top