Енди Мареј преку ноќ стана англиски непријател број 1. Шкотскиот тенисер ја поддржа независноста на Шкотска на референдумот.
Факт е дека Енди Мареј растел како Британец, целиот живот живеел во Англија и имал финансиска поддршка од целото Кралство, исто така треба да го наследи Фреди Пери како прв Британец што го освоил Вимблдон.
Мареј никогаш не се изјаснил каков е неговиот став за тоа прашање бидејќи се плашел, доколку пропадне референдумот, дека цела Англија ќе му го сврти грбот, но сега кога беше сигурен дека ќе помине референдумот, се премисли.
– Ова е голем ден за Шкотска. Одлучив да кажам „да“. Да го направиме тоа – им порача на своите сонародници преку „Твитер“.
Откако Шкотите се изјаснија со „не“, Англичаните на социјалните мрежи го нападнаа Мареј нарекувајќи го предавник.
– Енди Мареј е лицемер. Кучкин сине, засрами се… Живееш во Англија цел живот, те финансира цела Британија, а така ни враќаш… Шкотско гомно, како не ти е срам – се само дел од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


