Целта на видеото е да прикаже со каков тежок избор се соочуваат младите луѓе. Намерата на ова видео е да испрати силна порака, без намера да се промовира каква било дискриминација или стереотипи, одговори амбасадорот Ралф Брет, шеф на мисијата во Скопје, во врска со реакциите поврзани со видеото „Кажи ’не‘ на насилството“. Истовремено, тој им се заблагодари на сите што го искажаа сопственото мислење за видеото „Кажи ’не‘ на насилството!“.
– Ја разбираме загриженоста што беше искажана неодамна, а во исто време веруваме дека најважен аспект во видеото е пораката, чијашто цел е да ги одврати младите од насилство. Поради тоа би сакале гледачите повеќе да се осврнат на проблемот, отколку на ликовите во видеото – вели тој.
Брет ги поканува сите што го делат мислењето дека ова е благородна цел за иднината на земјата, да соработуваат со ОБСЕ и заедно да ја споделат пораката „Да не дозволиме да победи насилството“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


