Силниот унгарски соатав на Веспрем го нокаутира Вардар во меч од СЕХА лигата со 8 гола разлика, 31-23 на домашен терен. Тоа е прв пораз за македонскиот вицепрвак во регионалното натпреварување.
Унгарците кои ќе играат против Вардар и во фазата по групи во Лигата на шампионите од самиот почеток ја демонстрираа својата моќ, па цврстата одбрана им овозможи рано да си создадат одлична предност. Веспрем го отвори натпреварот со водство од 3-0, а на одмор замина со предност од 17-12.
Гостите од Скопје успеаја да се вратат во игра намалија на 17-20, но немаа сили за комплетен пресврт, па на крајот се поразени со 23-31. Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лигата, а Веспрем е дебитант во регионалното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


