Брза помош ќе работи и во ургентните центри. Од 15 септември двапати месечно по една смена ќе бидат заедно со нивните колеги од Клиничкиот центар и од ГОБ „8 Септември“.
Тим од лекар и сестра ќе учествуваат во третманот на итниот случај. Според надлежните, на тој начин ќе ги согледаат евентуалните пропусти за транспортираните пациенти. За разлика од порано кога немало комуникација со оние што се во возилото на Брза помош и лекарите во Ургентен, сега ќе мора да пополнат обрасци со важните податоци за пациентот. Ова е дел од правилникот за итната медицинска помош.
– Точно ќе може да ги согледаат пропустите. Кога се предава точно да ги наведат важните податоци. Ќе имаат и комуникација со ургентен и точно ќе се знае кога доаѓаат со возилото за во ургентен да бидат подготвени. Сериозно ќе работиме на подигање на квалитетот на итната медицинска помош – вели Никола Тодоров, министер за здравство
Тимовите од внатрешноста еднаш ќе бидат во Скопје, а вториот пат во некој од ургентните центри во Битола, Тетово и во Штип.
– Унифицираноста на службите ќе помогне да го подигнеме квалитетот и да се приближиме до развиените здравствени системи -вели д-р Татјана Баевска-Вучковиќ, директорка на Здравствен дом Скопје
Ургентните центри во Скопје дневно примаат над десетина итни случаи. Потешките завршуваат во Клинички центар.
– Имаме над 15 вакви случаи, ние ги третираме потешките, во „8 Септември“ е на секундарно нивно – вели д-р Илир Хасани, раководител на Ургентен центар во Клинички.
Покрај ова, 15 лекари од 15 служби за итна помош ќе одат и во Измир на дополнителна едукација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош
-
Нема греење, ниту му работи светлосната сигнализација: Во Струга едно болничко возило за 60 илјади жители
-
Повикала брза помош затоа што ја каснал комарец и се заканува казна затвор
-
Почина на отворањето на „Охридско лето“