Ракометниот клуб Вардар денеска доби сериозен партнер по потпишувањето на договорот за соработка со Триглав осигурување, една од водечките осигурителни компании во регионот. На прес-конференцијата што беше организирана во новиот спортски центар „Јане Сандански“ задоволството од остварената соработка не го криеја ниту водечките луѓе на Триглав осигуругвање, ниту, пак, челниците на РК Вардар и на ЖРК Вардар.
– Ова е почеток на една одлична соработка на Триглав осигурување и Вардар. Како долгогодишен поддржувач на македонскиот спорт, решивме годинава да застанеме зад ракометниот колектив Вардар и да му помогнеме во создавање на беспрекорни услови за функционирање. Овој проект има стратегиско значење за нас поради својата основна цел – втемелување на вистинските општествени вредноста и градење на спортскиот дух кај децата. Убедени сме дека секоја успешна компанија треба да помага на општеството во кое дејствува, токму затоа Триглав осигурување силно верува во инвестирањето во националниот спорт, особено кога тоа ги вклучува најмладите. За нас е привилегија да бидеме дел од активностите што Вардар ги планира – изјави Сања Тањчевска, извршна директорка на Триглав осигурување.
Гордана Нацева како претседател на ЖРК Вардар, изрази благодарност од остварената соработка.
– Во името на РК Вардар дозволете да го изразам нашето задоволство за соработка со Триглав осигурување. Задоволството е уште поголемо што пријателите од Триглав го препознаа нашиот проект за младинските категории. Знаеме дека во врвниот спорт големите компании и големите клубови одат заедно, би сакал да им се заблагодарам на луѓето од Триглав што токму во нас пронајдоа партнер за соработка во ова поле – истакна Гордана Нацева, претседателка на ЖРК Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


