| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот речиси едногласен, Кирил Лазаров убедливо најдобар ракометар на овие простори

Со убедливо мнозинство од 67 проценти, или двојно повеќе од четирите други понудени кандидати во анкетата на „Балкан-хендбол“ Кирил Лазаров ја добива битката за најдобар ракометар на Балканот.

Нашиот репрезентативец и член на Барселона ја доби довербата на Балканците и од вкупно 4.700 посетители на реномираниот и специјализиран портал за ракомет „Балкан-хендбол“ доби 3.161 глас. Во конкуренција во анкетата што се уште е актуелна се и Домагој Дувњак, најдобриот светски ракометар за минатата година, потоа и извонредните Момир Илиќ, Ренато Сулиќ и Марко Вујин. Дувњак е зад нашиот Кире со 710 гласа или 15 проценти доверба кај посетителите на „Балкан хендбол“, по него е Илиќ со 13 проценти и Сулиќ со 3, одоносно Вујин со 2 посто гласови во изборот за најдобар балкански ракометар во овој момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top