
На сцената на Театар „Комедија“ овој четврток ќе биде изведена претставата „Хамлет во пикантен сос“ и на тој начин ќе биде отворена новата сезона. Претставата ја освои наградата за најдобар млад актер на 49-тото издание на МТФ „Војдан Черодрински“, односно титулата ја понесе актерот Атанас Атанасовски за улогата на данскиот принц.
Од оваа година влезот за студентите секој четврток ќе биде бесплатен, според новиот владин проект, а академските граѓани ќе можат да влезат само си приложување на индексот на билетарата. Категоријата на лица до 27 години за која важеше попустот од 50% од оваа година е проширена и сега лица до 29 години ќе можат купат билет на половина цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“


