Владејачката турска партија на правдата и развојот предложи да биде воведена построга контрола на интернетот, јавија турските медиуми.
Предложените измени во веќе постоечкиот закон за интернет ќе ги зголемат надлежностите на властите да го блокираат пристапот до сајтови без судска наредба, пишува весникот „Милиет“.
Со предложените измени државниот орган за регулирање на телекомуникациите ќе може да собира податоци за корисниците и ќе може онлајн да ги следи нивните активности, додава весникот „Хуриет“.
Турскиот Парламент го усвои во февруари спорниот зкаон, со кој се зајакнува контролата врз интернетот. Законот беше критикуван од турската опозиција и од Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



