Како што мажите ги делат девојките на оние за една вечер и оние кои ќе ги запознаат со нивните мајки, истото го прават и жените.
1. Сладок е, но и не е баш мој тип- врска за една вечер.
2. Прекрасно разговаравме за многу работи- ќе почекам уште малку, да видам каде ќе оди тоа.
3. Ме засмејува, без да се труди- ќе го чувам засекогаш.
4. Ако размислувањето за него не ми навлече насмевка- не ми треба подолго од еден ден.
5. Можам да приметам дека не му е претерано грижа за мене- секс за една вечер.
6. Подобро ќе гледа ТВ отколку да има секс- нема да го задржам ниту за вечер, само ќе му ја отворам вратата и ќе му посакам Добра ноќ.
7. Ако сме се договориле да се видиме, а тој донел нешто без причина, макар тоа била и најмала ситница- ќе го пуштам уште малку да ми се мота по животот, можеби е прекрасен.
8. Ако ми изгледа дека на моменти ме познава подобро отколку што јас се познавам себе- дефинитивно ќе се потрудам да го задржам.
9. Не ме почитува- ќе се ослободам од него што е можно побрзо.
10. Ме слуша повеќе отколку што зборува- секако дека ќе го чувам за себе.
11. Ако чувствувам дека не можам да му верувам- нема ни поента да се задржувам во таа приказна претерано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


