| четврток, 6 декември 2018 |

Расте рејтингот на Хамас

hamasПопуларноста на Хамас на Западниот Брег и во Појасот Газа се зголемува драматично по војната против Израел, покажува најновото истражување на јавното мислење на Палестинците.

Анкетата на Палестинскиот центар за политички истражувања покажува дека 61 отсто од Палестинците би го избрале лидерот на Хамас во Газа, Исмаил Ханија, за претседател, доколку изборите се одржат денеска.

Поддршката за претседател Махмуд Абас, лидер на секуларниот Фатах, се намалила на 32 отсто.

Истражувањето исто така покажува дека мнозинството Палестинци го поддржуваат прифаќањето  на воениот пристап на Хамас на другата палестинска територија, Западниот Брег.

Ова е првпат во изминатите осум години мнозинството Палестинци да го поддржуваат лидерот на Хамас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top