| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица планинари загинаа на италијанските Алпи

alpinisti1Четворица планинари загинаа денеска на италијанските Алпи откако паднале во бездна длабока 3.000 метри, соопшти спасувачката служба.
Тие се наоѓале во група од шест планинари, кои се обидувале да се качат на планинаски врв, североисточно од Милано.
Откако се влошиле временските услови, двајца планинари одлучиле да се вратат, додека останатите одлучиле да продолжат да се искачуваат и нешто подоцна доживеале несреќа.
Ледениот дожд и маглата оневозможија да биде испратен хеликоптер на местото на несреќата, што ги отежна напорите на спасувачкиот тим да стасаат до жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top