
Во дербито од 4. коло на фудбалското првенство на Франција, Монако и Лил одиграа без победник 1:1.
Гостите поведоа во 18-минута со голот на Руа, а бод на „кнезовите“ им донесе бугарскиот интернационалец Димитар Бербатов во 61-минута.
Лориен го декларира Генгамп со 4:0, а најмногу голови имаше на средбата Ленс – Ремс, која заврши со победа на домашниот тим со 4:2.
На преостанатите два натпревари одиграни синоќа минимални победи од 1:0 забележаа домаќините и тоа: Нант над Монпеље и Тулуз над Евијан.
Оваа рунда ќе биде заокружена денеска со три средби: Бордо – Бастија, Мец – Олимпик Лион и Париз Сен Жермен – Сент Етијен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


