
Команданти на џихадистичката група Исламска држава (ИД), меѓу кои Сиријци и странци, се убиени денеска при сириски воздушен напад во провинцијата Деир аз Зур, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сириската државна телевизија објави дека армијата „ликвидирала над 10 терористи“ при нападот извршен источно од аеродромот во Деир аз Зур, меѓу кои и двајца мажи, тврдејќи дека тие се лидери на ИД во провинцијата. При нападот биле уништени 14 оклопни возила.
Сирискиот Центар тврди дека воените авиони погодиле зграда, која била користена како седиште на Исламската држава, во момент кога се одржувала средба на нејзините команданти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим


