| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на министерот Адеми со полскиот амбасадор Мултановски

ademi

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми остварил средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски, на која  ја нагласиле важноста на Спогодбата за соработка во областа на науката и високото образование, која во септември минатата година ја потпишаа двете ресорни министерства, соопшти Министерството.

– Спогодбата предвидува интензивна соработка помеѓу високообразовните и научните установи во двете земји преку размена на студенти, докторанти, научни работници и академски наставници, а значајна придобивка е и продолжувањето и интензивирањето на активностите за популаризација на изучувањето јазици, како и поддршката на истражувањата за историјата, јазикот, културата и уметноста на двете држави, информира МОН.

Адеми и Мултановски изразиле подготвеност за иницирање нови билатерални проекти и активности во образованието и науката, со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји која, како што наведува МОН,  во духот на традиционалните пријателски односи се реализира повеќе децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top