| четврток, 6 декември 2018 |

Руски хакери упаднале во системот на банката „ЈП Морган“

hacker-attack-password
Хакери за кои се верува дека се од Русија на почетокот на месецот упаднале во компјутерскиот систем на Банката „ЈП Морга Чејс“ и на уште една американска банка, поради што е покрената федерална истрага, јавија американските медиуми.

Агенцијата Блумберг цитирајќи два извора запознати со истрагата наведе дека американското ФБИ го истражува случајот со цел да утврди дали тој претставува одмазда поради санкции на САД против Русија, воведени поради поддршката на Москва на проруските сили во источна Украина.

Блумберг и весникот „Волстрит журнал“ кој исто така извести за хакирањето, но не наведе дека зад него стојат Руси, објавија дека не е позната штетата што хакерите ја направиле, ниту видот на податоците кои можеби ги украле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top