Момче од Скопје загинало во железничка несреќа која се случила вчера во попладневните часови кај тетовската фабрика „Тетекс“. Според полицијата младиот скопјанец бил прегазен од патничкиот воз кој сообраќал на делницата Кичево-Скопје.
Неколку часа по несреќата, желзничкиот сообраќај на оваа пруга беше во прекин, а истражните власти започнаа истрага која ќе треба да открие дали момчето се сабмоубило.На местото на несреќата имаше разлетани лични предмети од загинатиот, кои беа собрани од истражителите, а како што рекоа тие ќе им бидат предадени на семесјтвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


