| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата го уништува туризмот

„Внимание, заканата од ебола е вистинска“ – стои на светлечката реклама во милионската метропола Абиџан. „Мијте ги рацете често со вода и сапун.“ Брегот на Слоновата Коска посега по сите мерки за да го заштити населението од вирусот на ебола. Во соседните земји од болеста починаа повеќе од илјада луѓе.

Владата ги затвори границите, а воздушниот сообраќај кон Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Нигерија е запрен. Ограничувањата се‘ повеќе ја оптоваруваат економијата, пред се‘ туризмот. И за бизнисмените патувањето станува се‘ потешко.

Туристичкиот работник Серж Гохури вели:

„Замислете си, патувањата на муштериите се сторнираат од денес до утре поради еболата. За нас тоа е шок. Еболата се одразува врз нас финансиски. Нашиот бизнис дефинитивно ќе страда.“

Во меѓувреме се‘ помалку туристи има на целиот континент. Илјадници луѓе ги откажаа своите планови за патување годинава. Африканските земји ги одбегнуваат пред се‘ гостите од Азија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top