| четврток, 6 декември 2018 |

Џикиќ: Овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство

Kosarka Makedonija Belgija 23 (Custom)

По пласманот на Македонија на Европското кошаркарско првенство во 2015 година, на средбата со новинарите селекторот Александар Џикиќ беше придружуван од целиот тим кој го оствари овој успех. На прес-конференцијата по дуелот со Белорусија се појавија сите играчи, стручниот штаб (со исклучок на тренерот Емил Рајковиќ) и комплетниот лекарски тим.

– Ја остваривме целта. Среќни сме и задоволни од постигнатото, но јас не сум задоволен од прикажаното, затоа што знам дека овие момчиња можат и многу подобро. Сепак, овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство, изјави селекторот Џикиќ, дополнувајќи дека најважно од се е што Македонија во континуитетот ќе игра со најдобрите европски кошаркарски репрезентации.

Иако, пред почетокот на квалификациите остана без комплетната петорка која во минатото го носеше товарот во квалификациите, но и на Европските шампионати, предводникот на црвено-жолтите Џикиќ запрашан, дали постои можност за евентуални промени односно „џокер’’ за ЕП догодина, одговори: „Не гледам причини за некои други кои сега не се тука. Овие играчи заедно со мене и стручниот штаб минаа низ стресни моменти и јас знам како тие реагираат на стрес. За некои други играчи не можам да коментирам, сега е рано да се зборува за Европско првенство. Но можам да кажам дека овие момци функционираа како тим. А, за тоа дали некому треба да му поставиме слика и да ја бакнуваме, не вреди да се зборува’’.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top