
Три лица се потешко повредени утринава во Белград откако автомобил излетал од пат и влетал во двор на куќа во близина. Повредени се девојка и две момчиња, кои биле во автомобилот.Тие, буквално, ја прелетале оградата и паркираните возила, искршиле дрвја, удриле во чешма во дворот, ги искршиле скалите од куќата, по што возилот застанало.Биле пренесени во Ургентниот центар во Белград на одделението за реанимација.
Дваесетгодишната девојка, која била совозач, има повреди на градниот кош и на стомакот, расекотини по рацете и нозете, а констатирана е можност за потрес на мозокот. Возачот, кој, исто така, има 20 години, има расекотини по главата и по лицето и повреда на градниот кош.
Второто младо момче во несреќата има тешки повреди на главата, градниот кош, вратот и стомакот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







