| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски и Петрески ќе пеат на „Смоквијада“

smokvi

Традиционалната манифестација „Смоквијада“ годинава ќе се одржи на 30 и на 31 август во Гевгелија. На оваа осма по ред манифестација, во која учесниците ги покажуваат своите вештини во правењето слатко од смокви, се очекува учество на многубројни натпреварувачи. За сите учесници организаторот обезбедува штанд, сендвич и безалкохолни пијалаци, а пријавувањето за учество е најдоцна до 25 август 2014 година. Освен ова, ќе се одржи и саем на храна. Сите информации може да се добијат на телефон 078 276 086, а апликациите се поднесуваат до НВО ТЕРА Гевгелија на е-адресата [email protected].

Daniel Kajmakovski 01 (Custom)

На дводневната манифестација ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва, при што на 30 август на ракометното игралиште ќе настапи Наум Петрески, а на 31 август на градскиот плоштад во Гевгелија ќе гостува Даниел Kајмакоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top