
Руските туристи во последно време поретко ги посетуваат европските држави и патуваат на одмор внатре во матичната држава, изјави во средата извршната директорка на здружението на туроператори од Русија (АТОР) Маја Ломиѕе.
Прелиминарните податоци покажуваат пад на организираните патувања во Европа за 25 отсто во однос на претходната година, додека Турција бележи раст за 15 отсто, а Египет за два отсто, рече Ломиѕе, додавајќи дека патувањата, пак, внатре во Русија пораснале за 25 отсто.
Стравувањата поврзани со издавање на визи за државите во рамки на шенгенскиот простор донекаде влијаеа на преференција на руските туристи.
„Санкциите како такви не влијаеа на турситичкиот пазар иако на почетокот на месецот забележан е одреден пад, бидејќи некои туристи размислуваа, не можеа да се одлучат и на крајот одбраа држави во кои не е потребна виза“, изјави Ломиѕе, пренесе Итар-Тасс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


