| четврток, 6 декември 2018 |

Финишира турнејата за избор на Мис на Македонија за Мис Глоуб

Во една од последните полуфинални вечери кандидатките на изборот за Мис на Македонија за Мис Глоуб настапија во Скопје, во Скејт паркот на кејот на Вардар.

Победи Ивана Ѓорѓиевска, прва придруничка беше Надица Димковска, а титулата втора придружничка ја освои Ангела Ставревска. Турнејата продолжува денес кога девојките ќе се претстават во хотелот Романтик на Велешко езеро, утре (четврток) во Берово и в сабота ќе се одржи големото финале во хотел Романтик во Дојран.

Вкупната победничка ќе добие стипендија во вредност од 6 илјади евра од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и други вредни награди од спознорите и ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2014 кој ќе се одрживо ноември во Албанија. Придружничките пак ќе настапат на други интернационални избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top