| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отпишуваат и долгови за топлинска енергија испорачана од ЕЛЕМ

елем
АД  „Електрани на Македонија“ се приклучува кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните.

-Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“ – велат од компанијата.

Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31. декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.

Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од  постојниот Закон.

Со грижата за најранливата категорија граѓани АД ЕЛЕМ ја потврдува определбата на компанијата за општествено одговорното работење и помагање на заедницата, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top