| четврток, 6 декември 2018 |

Лавдрим Мухаџери е жив?!

 колац

Веста за смртта на косовецот Лавдрим Мухаџери вчера беше демантиранa од неговиот соборец, Басри Сулејмани. Тоj објавил слика на Фејсбук под која напишал дека Мухаџери е жив и здрав.

-Нека пукнат душманите хахаха – коментирал на сликата, Басри Сулејмани.

Веста за смртта на Лавдрим Мухаџери беше објавена од страна на курдската телевизија КННЦ на која беше покажано безживотно тело кое со претпоставуваше дека е Лавдрим Мухаџери, но на интернет страницата на истата телевизија не стои никаква вест или потврда дека тоа е така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top